БУНДЕС ЛИГА: Дали Гепинген го круниса Кил?

Екипата на Гепинген денеска направи големо изненадување и го совлада актуелниот шампион на Германија, Фелнзбург 28-26 (17-13). 
Голманот на домашните, Даниел Ребман одигра одличен натпревар и треба да добие награда - од Кил. 

Со овој пораз на Флензбург, Кил би можел да стигне до плус четири бода над директниот ривал, доколку слави над аутсајдерот Минден.
До крајот на Бундес лигата има уште осум кола и јасно уште ништо не е готово, но со оглед на тоа дека Кил има досега загубено на само четири натпревари, овој пораз на Флензбург речиси сигурно ги става на пиедесталот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk