Вардар со ПИК Сегед, во ринг, до нокаут

Од шпанската арена „Блау Грана“ предмалку стигна абер за Вардар. Пик Сегед е противникот на „црвено-црните“ во 1/8 финалто на Лигата на шампионите. 

ПИК Сегед, вчерва, по голема борба, неизвеснот и несфатливи грешки во финишот, беше поразен од домашната Барса (28-30). 
Тоа значи дека оваа унгарска екипа математички е на треттото место во групата „А“ и во 1/8 финалето вкрстува со Б6, а тоа е Вардар. 

Првата средба ќе се игра во Скопје, реванот е во Сегед. 

ПИК Сегед вечерва одигра одличен натпревар и направи се за да ја совлада Барса и така барем теоретски да остане во игра за второто место. Така би го избегнал Вардар, но искрено, не се „црвено-црните“ тие што го плашат Сегед, туку тоа што следи потоа. 
А потоа, во 1/4 финалето на ЛШ, победникот од дуелот Сегед - Вардар ќе игра со подобриот од дуелот Веспрем - Висла. На повидок е битка за Келн меѓу Веспрем и ПИК Сегед и тоа веќе не може да се избегне освен со прерана елиминација на еден од овие два клуба. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk