Вардар поразен и од Монпеље

ВАРДАР - МОНПЕЉЕ 27-31 (13-14)

Вардар е поразен и од Монпеље, во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите. Французите со 31-27 славеа во Скопје на натпревар на кој ниту двата тима не беа блиску до својот максимум и воопшто не личеше овој меч на дуел на екипи што во последните три години се европски шампиони. 

Вардар со бројните играчки проблеми, со Иван Чупиќ на позиција десен бек дури и може да каже дека пружи резултатска борба над очекувањата. 
Монпеље од друга страна е големо разочарување и заслужи по сите параметри да загуби барем бод во Скопје, но за жал во Вардар недостасуваше барем уште еден играч за такво остварување. 

Вардар поведе со 5-1, потоа со иста таква серија Монпеље израмни на 6-6, а потоа се водеше израмента битка со тоа што Монпеље прв пат поведе во 18 минута. На полувреме беше плус еден за Монпеље, а потоа во вториот дел Французите поведоа со три гола разлика и главно во тие рамки се играше до крајот. 
Вардар имаше во финишот шанса за реми, но не реалзираше, па Монпеље одново се оддалечи на плус четири. 

Вардар го освои шестото место што значи дека ќе игра со А3 во елиминациите, во моментов ПИК Сегед. Столе Стоилов со седум гола беше одличен во тимот на Вардар, а нова убава партија пружи и голманот Марко Кизиќ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk