Собрание на РФМ: Сехалигашите (не) се враќаат во првенството


На минатогодишното Собрание на РФМ беше усвоена точка со која годинава можеше да биде променет системот на натпреварување на РФМ.  Ова се однесува на враќањето на сехалигашите во домашното првенство и кратење на лигите, но тоа нема да биде случај. 
Двете екипи што ќе играат во СЕХА следната сезона, ќе останат надвор од домашниот шампионат се до формирањето на плеј оф лигата. 

Очекувано, против беа сехалигашите, а се отвори и како опција, вторите екипи да немаат право да играат во иста лига со првите екипи. Вакви тимови има три, тоа се Вардар 2, Металург 2 и Е. Пелистер 2. 

Место тоа, донесена е одлука со која промена на системот може да се направи за сезоната 2021/22. 

До крајот на мај ќе се добие предлогот, како би изгледало првенството 2021-22. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk