Собрание на РФМ: Минатата година е успешна, ракометот се шири како спорт

Денеска се одржа редовното годишно Собрание на РФМ на кое присуствуваа претставници на безмалку сите клубови. Собранието беше редовно, со осврт на сите оработени акции минатата година. 

Претседателот на РФМ, резимираше за настаните и одрабтеното минатата година со осврт на сите настапи на репрезентации и клубовите.

„РФМ уредно ги сервисираше сите национални репрезентативни категории во нивните настапи. Машката репрезентација успешно ги мина квалификациите за ЕП 2020, завршувајќи ги квалификациите како првопласирана. Целта на првенството, за жал, не ја исполнивме. И покрај континуитетот од девет години учества на големите натпреварување, ова не беше најпосакуван исход. Во овој репрезентативен состав привршува процесот на смена на репрезентацијата, за кој се надевам дека ќе мине што побезболно на резултатски план“, изјави претседтелот на РФМ, Живко Мукаетов
.„Доказ за ширење на ракометот на спортската сцена е и значителното зголемување на бројот на клубови. „Бројот на клубови е со континуиран раст, па од сезоната 2015/16 имавме 101 клуб, за во оваа сезона бројката да изнесува 156 клубови“. 

Од финансискиот дел, РФМ објави дека се затворени два кредита, од кои едниот е наследен од претходното раководоство, во вкупна вредност од над 6 милиони денари. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk