Јуниорското СП ќе се игра во три градови во Македонија

Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска ѝ ја додели организацијата на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) на Женското Јуниорско Светско првенство во 2024 година. 

Тоа е најголемиот потфат досега, во поглед на масовност, затоа што ќе учествуваат 32 екипи и практично не е возможно да биде организирано само во еден град како што беше случај со кадетскиот мундијал, одржан минатото лето во Скопје. 

РФМ ја подели организацијата во три градови, исто како што беше и на мундијалот одржан во 2014.Првенството ќе се игра во Скопје, Охрид и во Струмица. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk