ТРАНСФЕРИ: Нов договор за најнискиот играч од ЕП, проблем за Веспрем...

Ако по некоја случајност за време на ЕП ја гледавте Холандија, тогаш сигурно сте го забележале нивниот плеј мејкер Лук Стајнс. 
Овој е играч е понизок, побрз и би рекле поагилен и од Сташ Скубе и кога е тој во игра натпреваот има сосема поинаква димензија. Посебно за корпулентните „дрвосечачи“ во одбраните често не знаат што да прават со своите раце-секири во дуелите со малиот Холанѓанин (173 см е висок Стајнс). 
Настапот на ЕП го сврте вниманието кон него, а Тулуз, екипата за која игра, не остави ништо на случајот и му даде договор до 2022. 

Никола Костески ќе има нов ортак во нападот следната сезона. Австирската легенда, десниот бек Максимилијан Херман се враќа во Линц, клубот од неговото детство. 

Веспрем ќе има голем проблем во продолжението на Лигата на шампионите. Два месеца надвор од терен ќе биде Омар Јахија, египетскиот десен беко што се повреди на натпреварот со Монпеље. Повреден е и Кент Робин Тонесен, па единствено на Павел Пачковски ќе може да се потпре Давид Дејвис. 

Српскиот десен бек Милош Орбовиќ е замената за Денер Јанима во Мотор Запорожје. Овој српски ракометар се договори со Мотор за соработка од 1.5 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk