Стоилов го призна Монпеље за фаворит

Брзо се менуваат времињата во Скопје. Не беше толку одамна кога вардаровите играчи на прес конференциите бликаа со самодоверба и на генерално на сите им порачуваа една работа - овде нема што да барате. 

Но, иако сезоната во ЛШ вистински допрва почнува, климата во Скопје е поинаква. Вардар е затворен во своите четири ѕида и малку официјални информации стигнуваат до јавноста.
Неофицијални, има и повеќе отколку што може човек да посака. Се прават планови за новиот тим, но што ќе се случи со сегашниот е многу поважниот елемент. 
Ќе почекаме разврска, наскоро ќе мора да ја има. Во меѓувреме, во сабота во Скопје ќе се игра последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Гостин во Скопје е Монпеље.Францускиот шампион е екипа со која Вардар успешно ги почнуваше сезоните во ЛШ, Монпеље е тимот што го елиминираше Вардар на Ф4, Монпеље е екипата која ќе стави печат на сезоната на Вардар, ваков или онаков. 

„Ситуацијата е таква каква што е. Монпеље е апсолутен фаворит, наше да дадеме се од себе и да пробаме да изненадиме“, изјави Стоилов. Ваква изјава за домашен натпревар, немаме слушнато неколку години... 

Ако победи Монпеље или одиграат нерешено, Вардар ќе заврши на шестото место и најверојатно ќе игра со ПИК Сегед. 
Ако победи Вардар, ќе заврши на петтото место (под услов Мешков да го совлада Порто) и за противник во 1/8 финалето на Лигата на шампионите ќе го добие данскиот тим Алборг. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk