Нолевска се соочува и со четири години суспензија

Македонската интернационалка Наташа Нолевска се соочува со суспензија што би можела да трае и до четири години. 
Романските медиуми денеска пишуваат дека е при крај случајот со Корона Брашов, екипа што е комплетно суспендирана поради ласерската терапија што, пак, е забранета од Светската Анти-допинг комисија (ВАДА). 

Ракометарките, меѓу кои е и македонската интернационалка се соочуваат со казна од четири години. Но, тоа е максимална каза и многу веројатно таа казна веднаш ќе биде преполовена затоа што сите ракометарки признале дека биле на таква интравенозна терапија во клиниката во Брашов. 

Понатаму и таа, условно кажано двегодишна казна треба да биде намалена, откако ќе се утврдат деталите и одговорноста што ја сноселе ракометарките во целиот случај. 
Одговорност има и кај нив, иако извештаите велат дека добар дел, ако не и сите биле манипулирани, па дури и уценувани да ја примат терпијата во клиниката која имала специјален договор со клубот. 

Случајот е во финална фаза, одлуката, според романските медиуми ќе биде донесена многу брзо, можеби уште следната недела. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk