Мелзунген си најде легенда за тренер

Убаво е кога на млади тренери им се дава шанса, но уште поубаво е кога ќе се чуе дека докажани имиња седнуваат на жешко столче. 

Мартин Швалб е германска легенда што со овации ќе биде дочекана во Рајн Некар и малкумина ќе се сетат ппо некоја година дека Кристијан Андресон го водел клубот во неуспешна трка кон шампионски пехар. 

Мелзунген, за разлика од РНЛ е клуб што доведе познати имиња на теренот, но на клупата довербата му ја имаше дадено на Хејко Грим. Како играч неговото име звучи познато, како тренер ќе остане најпознат по тоа што на неговото место доаѓа Гудмундур Гудмундсон. 
Исландскиот тренер има слободен простор на својата агенда, а Мелзунген тоа го искористи и викендов ќе го гледаме на клупата на овој бундеслигаш. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk