Македонија кандидат за четири Светски првенства!

Светската Ракометна Федерација (ИХФ) во петок ќе ги додели правата за организација на Светските првенства во машка и женска категорија, во кадетска и јуниорска конкуренција од 2020 до 2025 година. 

Македонија која беше домаќин на машки кадетски мундијал минатото лето, сега конкурира со четири апликации. РФМ е во игра за добивање на организација на женски кадетски или јуниорски мундијал во 2024 година и на машки кадетски или јуниорски мундијал во 2025 година. 
РФМ има и писмо со намери за женска кадетска конкуренција за 2022 година. 

Ако РФМ успее да добие барем една организација од четирите понуди, ширум ќе отвори врата на нова генерација на ракометар(к)и од Генерациите 2007 и помлади и да го продолжи континуитетот на работа со млади категории кои неколкупати добиваат екслузивни можности првенствата дали се тоа ЕХФ Шампионати или Светско првенство да ги играат на домашен терен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk