Завршува преодниот рок во Македонија

Преодниот рок во Македонија завршува во петок, со истекот на работното време - 16:00 часот. По овој период во предвид ќе бидат земени само апликациите што евентуално би пристигнале по пошта. 

Дознаваме дека годинешниот јануарски преоден рок ќе биде еден од најсиромашните досега. Не купуваат главните клубови, Вардар, Металург и Е. Пелистер. Барем не досега, има уште нецели три дена да достават пријава и потврдат некоја од шпекулациите околу потенцијалните нови играчи. 

Најатрактивни засега се Пролет со ангажманот на Петар Ангелов и Ѓуро Мујиќ и Бутел кој ги донесе Шулима и Николиќ. Другиот дел  од трансфер период засега главно се сведува на пополнување на ростерите со играчи од Прва лига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk