Динамо: Адио ракомет, Деду е гробарот!

Романија, некако, се претвори во земја во која секојдневно може да се види некоја пикантерија од рубриката „како не треба“. 
Најновото од Романија е големата војна што почна на релација Александре Деду (претседател на ФРХ) и Динамо Букурешт (шампион и учесник во ТОП 16 на ЛШ). 

Романија пред две години усвои правило за странци според кое во нивниот шампионат над дозволената граница од три играчи, смеат да играат само странци што се од Топ 10 држави, гледајќи пласман на СП, ЕП и ОИ. Екипите некако се прилагодија,  влијание имаше врз целиот ракомет, но посакувани резултати - не. 

Сега донесоа нова одлука со која се враќа старата уредба од пред 2018.
Одлуката е донесена со глас на претседателот Деду. Било 8-8 на гласањето, а неговиот глас пресудил. 
Тоа, пак, значи дека во Романија нема да смее да има повеќе од 3 играчи надвор од ЕУ. 
Во Динамо има осум!
Динамо што купуваше во Тунис, Бразил и Египет, држави што се меѓу Топ 10, сега мора да се откаже од 5 играчи. 
Со наслов: Збогум ракомет, Деду е гробарот, Динамо објави отворено писмо:
„Додека другите држави се занимаваат со 'чума', ние имам друг рак што не убива. 
Не се Вардар, Барса, ПСЖ нашиот најголем противник туку Деду. 
Нема да запреме додека не леташ од Федерацијата... се делови (цитати) од соопштението на Динамо. 

Сето ова доаѓа во моменти кога Динамо има шанса да се пласира во 1/8 финалето на ЛШ, затоа што на првиот меч од елиминациите го совлада Спортинг на гости, а салата во Букурешт ја распродаде за помалку од 20 минути. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk