Јауковиќ ја одбра Франција

Левиот бек Ѓурѓина Јауковиќ (22) е една од најдобрите црногорски ракометарки во моментов, играч е на Будуќност, но со договор што завршува во јуни.

Тоа и ја крена цената и ја направи една од најбараните ракометарки. Будуќност годинава се обидува да врати што повеќе ракометарки назад, од ЧСМ Букурешт им доаѓа и Андреа Лекиќ како засилување, а се прогнозираше дека токму Јауковиќ ќе замине во спротивен правец. 
Потоа во игра се вклучи Ростов на Дон, па се очекуваше корпулентната Црногорка (185 см) да продолжи во Русија. 

Но, денеска стигна изненадувањето. Ѓурѓина Јауковиќ го објави трансферот, но тоа не е ЧСМ Букурешт, ниту Ростов. 
Таа во следните две години ќе игра во францускиот клуб Брест. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk