ВИДЕО: Задар ќе види Ф4 на СЕХА

Како што g-sport.mk најави пред десетина дена, следниот Фајнал Фор на СЕХА ќе се игра во Хрватска, а градот домаќин е Задар. 
Ова ќе биде трет пат Хрватска да биде домаќин на Ф4 турнирот на лигата. Загреб беше домаќин на првиот турнир, Вараждин на петтиот шампионат, а сега одново е редот на Хрватска, но овој пат во Задар. 

Турнирот ќе се игра од 3 до 5 април, а четирите екипи што ќе играат за деветтиот пехар, прво ќе треба да го верификуваат својот пласман преку 1/4 финалните натпревари. 

„Почестени сме што можеме да го прогласиме Задар за домаќин на 9 издание на Фајнал Фор турнирот на СЕХА Гаспром . Ова е трет пат по Загреб 2012 и Вараждин 2016, Фајнал Фор да се одржува на територијата на Хрватска. Како и секогаш, оечуваме фановите да имаат шанса да видат одличен ракомет, но исто така и да уживаат во целиот настан. 
По наградениот Ф4 во Брест 2019, ќе се обидеме да ја поставиме летвичката на уште повисоко ниво и да организираме уште еден фантастичен турнир. Многу сме горди што едно од најпосетуваните туристички места на Медитеранот ќе биде домаќин на СЕХА Гасром Фајнал Фор“, изјави менаџинг директорот на СЕГА Гаспром лигата Синиша Остојиќ. 

Натпреварите ќе се играат во „Вишњик - Крешимир Ќосиќ“ сала која има капацитет од 9.000 гледачи. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk