ТРАНСФЕРИ: РНЛ најде тренер, Мелзунген рече и оствари

Германските медиуми тврдт, клубот и тренерот молчат. По отказот за Кристијан Андресон, РНЛ се реши на интересен потег. За тренер би требало да биде назначен подзаборавениот Мартин Швалб, своевремено менаџер со кој Хамбург стигна до титула во Лигата на шампионите. Тој беше една од нај популарните ракометни личности во Германија, но реши да плива во мирни води откако Хамбург банкротираше. 

Ултиматимот на Мелзунген, не беше само празни зборови. Откако клубот не успеа да победи и по предупредувањето (одигра нерешено со Лудвигсхафен) отказ доби тренерот Хеико Грим. Тој во Малзунген дојде во 2018 од Кренс (Австрија) а имаше договор до јуни 2021. Помошниот тренер ќе ја води екипата додека не се најде конечно решение.

П.С. Рајн Некар го прекина молкот и го официјализираше Мартин Швалб за нов тренер на клубот

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk