Романија ги менува правилата во младинскиот ракомет

Романија стана репер на дражава за експерименти. Се обидуваат да најдат начин романските клубови како да се вратат на сцената, имаат буџети со кои барем водечките ви можеле и во Бундес лига да играат, систем со млади категории и... повторно ништо. Барем во машкиот ракомет. 
По измените во младинските категории во кои мораа да имаат левораки бекови, а тие заедно со другите бекови не смееја да шутираат од 6 метри туку само од 9, сега спремаат цел пакет промени во младинските категории. 

Сите клубови дале зелено светло за овие промени, промени од кои очекуваат дека ќе добијат повешти и поснаодливи играчи. Многу веројатно нема да биде така, но вреди да се погледне каков сет на мерки спремаат Романците за следната сезона. 


Јуниори 4 (до 13 год):
3х15 мин.
5 мин пауза меѓу третините
Исклучување: 1 мин.
Тајм аут: 3
Двајца голмани мора да бранат по најмалку 15 мин.
Бодување се предлага како во медитерански игри
1 Третина:
6 играчи и голман
Човек на човек одбрана во својата половина
2. Третина:
5 играчи и голман
5:0 одбрана или човек на човек
3. Третина: 
6 играчи и голман
Одбрана: 3-3

ЈУНИОРИ 3 (до 15 год):
3х20 мин.
5 мин. пауза меѓу третините
Исклучување: 2 мин.
Тајм аут: 3
1. Третина:
5 играчи и голман
5:0 одбрана или човек на човек
2. Третина: 
6 играчи и голман
Одбрана 3:3, забрането играње без голман при исклучен играч
3. Третина:
6 играчи и голман
Без ограничување за одбрана

ЈУНИОРИ 2 (до 17 год):
2х30 мин.
Пауза: 10 мин.
Исклучување: 2 мин. 
1 Полувреме: 6 играчи и голман
Одбрана: 5-1
Напад: Забрането играње без голман при исклучен играч
2 Полувреме:
6 играчи и голман
Одбрана: Без ограничувања
Напад: Без ограничувања

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk