РФМ во сабота ќе одржи Собрание

Во сабота на пладне, во градското собрание на Скопје, ќе се одржи редовно годишно Собрание на Ракометната Федерација на Македонија. 

Овогодинешното Собрание нема премногу точки на дневниот ред. Завршната сметка и извештајот за работата на РФМ минатата година се главните теми. Годината што измина беше полна со активност и ќе има што да се слушне во ретроспективата. 

Можеби некој од клубовите ќе отвори некоја тема, но за тоа ќе треба да ја почекаме точката разно. Засега, барем медиумски, ниту еден клуб не се наметнал со некоја идеја или точка за која што ќе треба да се дискутира. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk