Ништо од Гедбан во Адемар, сега Катар е на ред

Шпанскиот портал „Диарио де Леон“ денеска објави информација дека Адемар Леон и голманот на Вардар Калифа Гедбан нема да потпишат договор. 
Познато е дека Алжирецот од Вардар беше голема желба на тренерот Маноло Каденас, а претседателот на клубот сакаше тој подарок да му до даде уште во февруари, но како што вели „Диарио де Леон“, клубот точно знае каде е црвената линија меѓу спортот и економијата. 

Причината се условите што ги поставил Гедбан за преселба во Адемар. Шпанците се чини не се ни блиску до желбите на Алжирецот и предвидуваат дека тој би можел да замине во Катар каде што ќе му платат колку што бара, па дури и двојно од тоа. 

Дали ќе биде Катар, нова рунда преговори со Адемар или нешто трето ќе покаже времето. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk