ТРАНСФЕРИ: Се прави силен клуб во Данска, колективно потпишување во Иври...

Во Данска повторно ќе има силен клуб. Екипата на ГОГ прави квалитетен состав. Откако го договорија најдобриот играч од Бундес лигата за минатата година - Мортен Олсен, денеска излезе информација дека од Германија доаѓа уште еден дански репрезентативец - Андерс Закаријасен, пикерот на Флензбург. 

Растко Стефановиќ, сепак, нема „доживотно“ го води Трембле. Поранешниот југословенски репрезентативец денеска доби отказ од тренерската позиција во клубот. Трембле во моментов е претпоследен со само седум бода и не е блиску ниту до Иври кој е едно место пред нив и надвор од зоната за испаѓање. 
Стефановиќ во Трембле е 15 години. Од 2005 до 2012 како играч, а во 2013 се приклучи кон тренерскиот тим. 

Иштван Чокнаи во еден момент минатата сезона стигна и до позицијата селектор на Унгарија, но од денеска е уште еден тренер без работа.
По шест години, Чокнаи се раздели со Балатон, а на неговото место доаѓа Ласло Ѓерги. 
Белгискиот репрезентативец Симон Омс, Португалскиот бек Вилсон Дејвис, француското десно крило Теофил Сасе и шведскиот десен бек Линус Персон ги продолжија договорите со францускиот клуб Иври. 

Белгискиот репрезентативец Симон Омс, Португалскиот бек Вилсон Дејвис, француското десно крило Теофил Сасе и шведскиот десен бек Линус Персон ги продолжија договорите со францускиот клуб Иври. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk