Сегед задоволен: Нов договор за Бомбач

Еден од најдобрите словенечки ракометари и диригент на екипата на ПИК Сегед, Дејан Бомбач, вечерва доби на маса нов договор од Сегед, кој е презадоволен од услугите на Словенецот. 

Презадоволен е и Бомбач и потпиша продолжување на договорот до 2024 година. 

Бомбач во ПИК Сегед дојде на почетокот на минатата сезона. Тој беше скапа играчка на Келце, кој во тие моменти беше во криза и мораше да се ослободи од некои играчи. 
Дејан Бомбал пристигна во Сегед, а Хуан Пастор, преку Скајп, му врачи отказ на Сташ Скубе, кој подоцна се пресели во Вардар и стана европски шампион. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk