Се разигра Пешевски, Штутгарт оди нагоре на табела

Жарко Пешевски влегува во одлична форма во германскиот Штутгарт. По петте гола (5/5) на натпреварот со Ерланген, денеска македонскиот репрезентативец играше една од главните улоги во победата на Штутгарт над Гепинген. 

Жарко Пешевски денеска постигна четири гола (4/4) од кои три во првиот дел кога се градеше предноста и еден во второто полувреме. Штутгарт славеше победа од 29-26 и се искачи на 12 место на табелата со 19 бода, колку што има и нивниот денешен противник Гепинген. 

Во следното коло се среќаваат со Балинген, па ќе има шанса Штугарт да се израмни и со Лемго и практично да обезбеди опастанок во Бундес лигата, на десет кола до крајот. 

Денеска Вецлар на Филип Миркуловски игра со Флензбург од 16:00 часот. Лудвигсхафен на Мартин Томовски бодови за спас ќе бара со Мелзунген, чии ракометари пак по три порази добија ултиматум од клубот - победа или откази. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk