Пешевски го однесе Штутгарт на безбедно

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски одигра одличен натпревар во дресот на Штутгарт и со 5 гола од 5 обиди беше процентуално најдобриот играч на Штутгарт во победата од 30-24 над Ерланген. Штутгарт сега има 17 бода, се израмни со Минден и Ерланген (13 и 12 место) и има цели пет бода предност пред Лудвигсхафен на Мартин Томовски кој е претпоследен на табелата. 

Меѓу Штутгарт и Лудвигсхафен, со 15 бода е Балинген, екипа за која игра филип Талески кој вчера имаше шут 1/4 на мечот со Кил што Балинген го загуби 20-32. 

Филип Кузмановски постигна два гола од два обида за Магдебург во победата од 28-26 над Лајпциг со што ја прекина низата од три меча без победа. Магдебург сега одново е во трка со Берлин и Хановер кои со еден бод повеќе на позициите три  и четири. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk