Аеродром го најави летниот камп 2020

Ракометниот клуб Аеродром е еден од ретките клубови што имаат и свои летни кампови каде што децата тренираат, се забавауваат, едуцираат...

Годинава РК Аеродром е во подем, екипата веќе се стабилизираше како прволигаш, а нивниот Летен Камп што ќе се одржи по петти пат, поради зголемена заинтересираност овој пат ќе биде во две смени. 

Кампот традиционално се одржува во Дојран, децата се сместени во „Истатов“, таму имаа комплет оброци, тренираат во салата што е во склоп со хотелот. Сала што годинава е реновирана и климатизирана. Камперите на  располагање го имаат и базенот на хотелот, што исто така има реновирани делови и подобрени услови, 24 часа се под надзор на доктор. Имаат тренери, физиотерапевти итн..

Годинава гости на Кампот Аеродром ќе бидат репрезентативките Елена Георгиевска и Сара Ристовска, поранешните репрезентативци Филип Миркуловски и Филип Лазаров, потоа Гоце Георгиевски, Зоран Кастратовиќ, најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе им одржат предавања за судење, Гино Стрезовски и Влатко Неделковски ќе им објаснат за тренерската фела,..

Првата смена на Кампот почнува на 22 јуни и трае до 27 јуни (6 дена, 5 ноќи). Втората смена почнува на 27 јуни и трае до 2 јули. 
Годинава Кампот не е ограничен само на Аеродром и неговите школи, туку пријавувањето е слободно и можат да се пријават сите заинтересирани. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk