Mакедонија убедливо против С. Арабија

МАКЕДОНИЈА - С. АРАБИЈА  22-14 (6-5, 8-4, 8-5)

Репрезентацијата на Македонија утрово ја запиша својата втора победа на Медитеранските Игри и утре против Кувајт ќе го закоружи настапот на МИ Атина. 
Македонија по денешната победа која беше максимална, односно цели 5 бода, е во игра и за првото место, односно деветтото место, но тоа зависи и од резултатите на другите натпревари. 
Најреално е да очекуваме Македонија да заврши на позиција 10 или 11 на овој шампионат.

Утрово Македонија играше со С. Арабија и со доста мака успеа да ја добие првата третина до 6-5. Потоа следеше најдобриот дел на Македонија на овие МИ, победа од 8-4 и водство од 14-9 со што победникот практично беше решен. 
Потоа и во последната третина беше лесно, противникот не беше на нивото на нашиот тим и победата е наполно заслужена, иако и на оваа средба се провлекуваа пропусти како и на претходните, само што овој пат имавме доволно квалитет и сила да ги покриеме. 

Македонија утре го отвора последниот ден од МИ со натпревар против Кувајт. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk