Бадијала беа и Атман и Жуков

Спартак Москва веројатно ќе треба да купува уште играчи, затоа што со првите две засилувања, Станислав Жуков и Павел Атман, нема да заврши работа. 
Спартак претстави две од четирите нови играчи. Играа без Виктор Киреев и Игор Сорока, но со Павел Атман (3/7) и Станислав Жуков (6/7).
Вечерва Спартак Москва беше лесно совладан 30-25 од екипата на Виктор Ставропол, моменталниот лидер во првенството на Русија. 

Минатото коло Спартак го совлада Ч. Медведи, но кратко им траеше радоста. Со овој пораз останаа на четвртото место, зад Нева, Чеховски Медведи и Ставропол. 
Ако ве интересира, Ставропол е екипа во која нема многу познати имиња, можеби поранешниот играч на Ч. Медведи, Максим Куретков би го издвоиле како попрепознатливо име. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk