Вардар не тече кон Париз туку кон Сегед!

Доколку Вардар ја освои позицијата број шест во конечната табела на групата „Б“, што од денешна перспектива е сосема реален епилог, тогаш во Топ 16 на Лигата на шампионите ќе игра не против ПСЖ како што во моментов е на табелата, туку со ПИК Сегед, екипата со која лани се пресметуваше во 1/4 финалето на ЛШ. 

Ова е по денешниот дуел на Флензбург и ПИК Сегед, на кој Унгарците допатуваа со широки насмевки на лицата по победата над ПСЖ пред три дена. 
НО, Јурецки, Готфридсон, Гландорф и друштво им ги симнаа насмевките уште по првото полувреме (17-11). Ова беше еден од оние мечеви на кои на едната екипа и оди се од рака, а на другата ништо. 
Конечниот 34-26 е скор со кој ПИК Сегед може да биде и задоволен, затоа што ако Флензбург запнеше во финишот ќе бше вистинска катастрофа.

Но, ПИК Сегед е екипа што ниту еден клуб во ЛШ не би требало да ја посака за противник. Јасно тоа важи и за Вардар. Посебно за Вардар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk