„Настрада“ уште еден селектор

Армандс Учшинс е најновиот член во друштвото кое месецов го формираа Дидие Динар, Ненад Перуничиќ, Сергеј Бебешко, Едуард Кокшаров, Кристијан Андресон и Кристијан Прокоп. 
Услов за членство во ова одрано друштво е да се биде селектор на ЕП 2020, а потоа да се даде или добие отказ. 

Селекторот на Летонија е седмата селекторска промена во февруари, иако со него Летонија прв пат обезбеди учество на ЕП, а и таму не беше само за „спотер“.

Нов селектор на Летонија ќе биде Арон Цирке, Германец кој за два дена потпиша два договора. Покрај овој за селекторската позиција во Летонија, ќе биде и тренер на Емсдетен, клуб каде што ќе го наследи селекторот на Чешка, Даниел Кубеш. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk