Утнавме пенал за победа со Турција

МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА   18-18 (8-8, 4-5, 6-5)

Македонските кадети пропуштија идеална шанса за втора победа на Медитеранските Игри. Денеска против Турција одигравме нерешено 18-18, но македонскиот тим беше тој што жалеше по победата, затоа што имавме  идеална шанса.
Турција водеше 18-16, Македонија беше во налет, израмни имаше и напад за победа, напад во кој централниот бек Марко Митев изнуди седмерец. Седмерецоте беше изведен по истекот на времето, пенал за победа што не го реализиравме. 

Михаил Ивановски, ракометарот на Охрид беше играчот што ја презема одговорноста и што можеше да биде јунак или трагичар.

Претходно се водеше жестока битка во која Македонија пред себе имаше цел победа во трите третини. Првата заврши нерешено, втората ја загубивме со еден гол разлика, треттата ја добивме. Но, за да добиеме два победа за целосна победа беше потребен уште еден гол. 

Македонија од овој меч заработи два и пол бода, што во конечната табела не става на шесттото место, но ги пренесуваме бодовите освоени со Мароко и ова реми со Турција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk