Војводина поведе и победи со Металург

ВОЈВОДИНА - МЕТАЛУРГ 33-32 (14-19)

Металург последната фаза од подготовките за продолжението на сезоната во македонското првенство ја одработува во Србија. Скопскиот тим е сместен во фудбалската база на Србија во Стара Пазова, а денеска го одигра и првиот контролен натпревар на кој противник му беше екипата на Војводина. 

Металург одигра одлично во воведните 15 минути од натпреварот, период во кој дојде до разлика од шет гола (11-6), а потоа во следните три минути и ја зголеми на 14-8, а во 22 минута беше 16-10 за скопскиот состав. 
На крајот на првото полувреме Металург имаше предност од 19-14.
Во второто полувреме, Зоран Кастратовиќ најави дека ќе експериментира со составот и поголема минутажа ќе им даде на играчите што ја немаат таа шанса на тешките натпревари. Тоа што требаше да го види од првата постава, го виде за само 30 минути. 

Во вториот дел, како што беше и најавено, Металург со многу ротации и експерименти во играта, но успеаваше да го одржи водството од 4 гола се до последните 9 минути (30-26, 52 минута). 
Домашните во последните минути го искористија своето искуство и успеаја во последната минута да поведат за прв пат на натпреварот и да победат (33-32). 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk