Металург моќно против Војводина

Металург последната фаза од подготовките за продолжението на сезоната во македонското првенство ја одработува во Србија. Скопскиот тим е сместен во фудбалската база на Србија во Стара Пазова, а денеска го игра и првиот контролен натпревар на кој противник му е првакот на Србија, екипата на Војводина. 

Металург средбата ја почна со најсилната постава и одигра одлично во воведните 15 минути од натпреварот, период во кој дојде до разлика од шет гола (11-6), а потоа во следните три минути и ја зголеми на 14-8, а во 22 минута беше 16-10 за скопскиот состав. 
На крајот на првото полувреме Металург има предност од 19-14.

Во второто полувреме, Зоран Кастратовиќ ќе експериментира со составот и поголема минутажа ќе им даде на играчите што ја немаат таа шанса на тешките натпревари. 
Тоа што требаше да го види од првата постава, го виде за само 30 минути. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk