Перуничиќ поднесе оставка, Дејвис кандидат за селектор?

Очекувавме Ненад Перуничиќ да биде првиот, односно вториот селектор што ќе „настрада“ по Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка, но некогашниот „Терминатор“ е петтиот во низата, зад Бебешко, Андресон, Динар и Прокоп. 

Рационално, Перуничиќ сочека да се смират тензиите, револтираната јавност да си најде нова спортска занимација, што во Србија имајќи го предвид статусот на нивниот ракомет е неизбежно, па да ја ковертира оставката и да излезе во јавноста со изјава во која вели дека решил да ја смени целата ситуација во нивната репрезентација или да си оди. Одлуката ја донел деновиве, ја соопшти денеска. 

Неофицијално, веќе се споменува и негов наследник, а првото име што го слушнавме е Давид Дејвис, бившиот  тренер на Вардар и бивш селектор на Египет,  а во  моментов е тренер на Веспрем.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk