Уште една екс вардарка во ЧСМ Букурешт

Францускиот спортски весник „Л'Екип“ денеска објави дека репрезентативката Сираба Дембеле потпишала договор со ЧСМ Букурешт и дека следната сезона се сели во Романија. 

Сираба Дембеле е првото засилување за ЧСМ Букурешт кој одново гради тим што треба да го повтори успехот од 2016 година кога станаа европски прваци. 

Бројните играчки и тренерски промени, доцнењето на платите и многубројните внатрешни пребирања одамна го симнаа од списокот на најпосакувани дестинации овој романски клуб, но тие и натаму имаат буџет од 10+ милиони евра, а тоа и тоа како знае да привлече познати имиња во насока - Букурешт. 

Сираба Дембеле по заминувањето од Вардар продолжи во Русија, а минатата година не беше на сцената, се посвети на мајчинство, роди близнаци, но набрзо потоа нејзините профили на социјалните мрежи беа збогатени со фотографии и видеа од тренинг сесии со кои најавуваше кам бек на теренот. 

Сега дојде редот и на трансферот, а за да го освежиме сеќавањето на активностите на ЧСМ, ќе потвориме дека Неагу, Омореги и Грубишиќ ги продолжија договорите, додека Лекиќ и Цвијиќ во пакет одат во Будуќност. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk