Кадетите не успеаја со Шпанија, Мароко е поправен

ШПАНИЈА - МАКЕДОНИЈА   21-14 (8-7, 8-4, 5-3)

Македонија е поразена од Шпанија на првиот меч за нас на Медитеранските Игри. Загубивме во сите три периоди од мечот, што значи дека со нула ја завршивме средбата. 
Имавме добри моменти, не е за критика играта на оваа екипа, по само еден меч, но имаше и моменти на кои Матлиески мора да им обрне внимание и кои не треба да се повторуваат. 

Македонските кадети пропуштија две зицер ситуации за прв бод на Медитеранските Игри веќе по првата третина. Македонија играше одлично против Шпанија, а резултатот по првата третина беше 8-7 за Шпанците. Треба да напоменеме дека во последната минута, при резултат 7-7, Македонија пропушти две одлични шанси, прво преку десно крило (одбрана на голман), потоа и преку лево крило (престап) и им оставивме на Шпанците 18 секунди за напад. 
И тие направија вишок за крило, но нивниот играч беше прецизен.
Штета, Македонија имаше шанса да освои прв бод и со предност да влезе во втората третина од мечот. 

Втората третина со еден збор опишана беше - лоша. 
Гол за гол се играше првите неколку минути, а потоа Шпанија од 12-10 стигна до 16-10. Одбраната „пукаше“ најчесто кај позициите пет и шест, во нападот предната линија ја снема, се беше оставено на бековите, а и тие беа затворени и Шпанија постигна и понекој лесен гол и без мака ја доби втората третина со 8-4. 

Третата третина е уште една пропуштена шанса за Македонија да дојде до бод. Помалку за неверување е како секогаш кога мора да се погоди се промашува или греши. Имавме неискористен пенал при 13-18 (2-2), потоа при (3-4) напад за реми што не стигна ниту до голот на Шпанија... 

Во елиминациите ќе се пласираат 4 репрезентации. Шпанија и така не беше нашата шанса, но веќе попладнево, против Мароко (17:45) ќе мораме да бидеме многу поефективни, ако сакаме до бодови, а со овој систем од еден меч може да се освојат пет бода. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk