МАКЕДОНИЈА - ШПАНИЈА: Пропуштивме два зицера за бод

Македонските кадети пропуштија две зицер ситуации за прв бод на Медитеранските Игри. 
Во овие моменти Македонија игра против Шпанија, а резултатот по првата третина е 8-7 за Шпанците. Треба да напоменеме дека во последната минута, при резултат 7-7, Македонија пропушти две одлични шанси, прво преку десно крило (одбрана на голман), потоа и преку лево крило (престап) и им оставивме на Шпанците 18 секунди за напад. 
И тие направија вишок за крило, но нивниот играч беше прецизен.
Штета, Македонија имаше шанса да освои прв бод и со предност да влезе во втората третина од мечот. 

Втората третина со еден збор опишана беше - лоша. 
Гол за гол се играше првите неколку минути, а потоа Шпанија од 12-10 стигна до 16-10. Одбраната „пукаше“ најчесто кај позициите пет и шест, во нападот предната линија ја снема, се беше оставено на бековите, а и тие беа затворени и Шпанија постигна и понекој лесен гол и без мака ја доби втората третина со 8-4. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk