ТРАНСФЕРИ: Валтер или Бебешко, Тунис доби „не“ ...

Полскиот клуб Азоти Пулави ќе има нов тренер. Изборот ќе биде меѓу поранениот тренер на Висла, Данецот Ларс Валтер или добро познатото име од Украина - Сергеј Бебешко. 

Федерацијата на Тунис упати официјална понуда до Тјери Анти за да ја преземе репрезентацијата по заминувањето на Тони Херона. Но, Анти ја одбил оваа понуда. Тој следното лето си заминува од Спортинг и ќе го води Екс Прованс. 

Поранешниот капитен на Ч. Медведи, Димитри Ковалев беше еден од првите играчи што замина во Спартак Москва. Сега, кога оваа екипа почна опасно да се засилува, тој прави нов сензационален за нивни услови трансфер и се враќа назад во Ч.Медведи. 

Исланѓанецот Еделстајн Ејлофсон во следните две години ќе биде тренер на Кадетен Шафхаузен. Доаѓа на местото на Чехот Петр Храховец. 

Вилијам Акамбре потврди дека на лето си заминува од Мешков Брест и дека ќе се врати во Франција, во екипата на Екс Прованс. 

Повредата на Мариуш Јуркиевич не е толку страшна колку што се очекуваше, но сеедно. Мора на операција на оштетените лигаменти и менискус и за него сезоната е завршена. 

Францускиот Нант го тресе скандал. Но, не машкиот тим каде што игра Кирил Лазаров, туку женската екипа. Неколку (шест) ракометарки упатиле отворено писмо во кое откриваат дека со редовните контроли им биле вршени и тестови за бременост без нивно знаење. 
Клубот не негира дека такви тестови имало, но велат дека играчите знаеле, а и дека тие тестови се дел од работата на докторот кој мора до детал да ја знае состојбата на играчите кога препишува лекарства. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk