Гледајте Македонија - Шпанија (ЛИНК)

Денеска почнаа 17 Медитерански Игри во машка кадетска конкуренција, а се одржуваат во Атина. Ова се натпревари на Генерацијата 2002 и помлади што ја предводи Никола Матлиески, иако со тимот во Атина е и главниот селектор, Данило Брестовац. 

Македонија денеска ќе одигра два натпревари. Со Шпанија од 13:30 часот и со Мароко од 17:45 часот. 

Дуелот со Шпанија можете да го гледате на следниов линк:

Maкедонија  - Шпанија   13:30часот

Натпреварите на Медитеранските Игри се играа по поинакви правила. Се игра три третини по 15 минути. Резултатот се смета како во хокеј. Се брои главниот, но секоја третина почнува со 0-0. Секоја освоена третина носи еден бод, нерешено е пола бод. На победникот му се додаваат уште два бода за вкупна победа. Ако нема победник, (во елиминациите), се шутираат седмерци. 

Од нашата група се одигра мечот Шпанија - Тунис. Победи Шпанија  25-20 (9-8, 9-5, 7-7)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk