ИХФ ранкинг: Македонија е во ТОП 16 нации

Македонскиот машки ракомет односно Македонската ракометна федерација е рангирана меѓу Топ Национални Федерации  според ИХФ на последниот објавен ранкинг. 

ИХФ направи категоризација според која ги подели федерациите на три групи: Топ (Top Nations), Развиени (Developed) и Во Развој (Emerging). Се бодуваа резултатите на сите национални селекции (сениори, јуниори, кадети) на Светските првенства во 2017 и 2019. 

Тука РФМ одигра клучна улога со тоа што ја издејствува организацијата на кадетското СП 2019 и за момент ја разби шемата на ИХФ и ЕХФ што е така дизајнирана да многу се мали шансите репрезентациите од подолниот дел на хиерархијата да стигнат со СП. Практично досега немаше ниту квалификации за СП, туку само од ЕХФ Еуро се одеше на мундијал. 

Македонија е во Топ 16 и сега останува да видиме дали овој ранкинг носи и некаква привилегија од типот носители во ждрепка и слично. Воедно и проектите што евентуално би ги добила Македонија нема да бидат од типот „развојни“ и слично. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk