Романија повторно подобра од кадетите

РОМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА 29-22 (17-11)
Брестовац, Тотиќ, Х. Петковски, Белистојановски 3, А. Петковски 2, Галевски, Петрушевски 3, Спасовски 3, Шулевски 5, Стојановски 3, Ристевски, Наумовски 2, Идризи, М. Стојановски, Стојменов 1

Maшката репрезентација на Македонија, генерација 2004 и помлади загуби на вториот натпревар со Романија во рамките на тридневното гостување во Калараш. Резултатски можеше и порамноправно, иако резултатот и не е најважното од ова патување, туку формирањето и почетокот на една нова генерација на играчи. Генерациски се во категоријата пионери, но во ЕХФ нема таква категорија, па затоа ги нарекуваме кадети.
Ова беа првите натпревар на овој тим и од него резултатски не се очекуваше којзнае што, особено затоа што противникот својот тим го има селектирано уште пред една година и веќе го имаа зад себе искуството што пресуди на овие два натпревара. 

Вториот меч, налик на вчерашната средба. Израмнет почеток во воведните десетина минути (3-3), потоа домашните полека ја преземаа иницијативата поведоа со 9-5 во 15 минута, а до крајот на полувремето успеаја и да ја зголемат разликата на плус шест (17-11). 

Во второто полувреме Македонија по шест минути игра намали на 14-18 и потоа почна да се разгорува порамноправна битка, па во последните 10 минути се влезе со резултат 24-21 за домашните. 

Во следните шест минути падна само еден гол и тоа во мрежата на Македонија. Потоа, кога веќе бее се реено, Романија стигна до конечните 29-22

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk