Кадетите се опуштија и високо се поразени

Романија - Македонија 30-22 (13-10)
Брестовац, Тотиќ, Х. Петковски 2, Белистојановски 7, А. Петковски 2, Галевски, Петрушевски 3, Спасовски, Шулевски 6, Стојановски 1, Ристевски, Наумовски, Идризи, М. Стојановски, Стојменов

Македонската кадетска репрезентација, играчи родени 2004 и помлади, вечерва го одигра својот прв натпревар и беше поразена од Романија. Како за прв натпревар, не беше лошо,но има многу работа пред селекторите. 

По израмнетите 2-2, Романија поведе со 4-2, 7-3, по што Стојановиќ побара тајм аут и потоа се стабилизираше играта. Романија водеше и 12-7, но Македонија намали на 9-12, а при 10-13 утнавме зицер и потоа погодивме статива. 
Голманот на Македонија Давид Брестовац е „виновник“ што имавме минус три, а не минус четири затоа што одбрани седмерец со истекот на времето. 

Македонија не изгледаше лошо на терен во првиот дел и покрај негативата. Игравме потечно и поорганизирано од противникот, за нијанса се разбира, но тие се  нешто покорпулентни, а и домаќини се, па за волја на вистината и добија понекој ситен подарок од сидиите. Не многу, но доволно за да имаат предност на полувреме.

На почетокот на вториот дел, игравме со исклучен играч, без голман и Романија постигна 5 гола за четири минути, поведе со 18-10 и победникот беше решен. 
Во следните минути со серија од 4-1 намаливме на 14-19 и внесовме баланс на натпреварот, но јасно беше дека Македонија нема да победи овде. 
Шанса плус за Стојановиќ и Атанасовски да ротираат и да дадат шанса на повеќе играчи. Видовме и добро и лошо, па селекторите ќе имаат материјал и за селекција и за работа пред себе. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk