ВЕСТИ, ТРАНСФЕРИ: ЕП на стадион со 50.000 гледачи

Германија планира да го сруши рекордот на посета на еден ракометен натпревар на отворањето на ЕП 2024. Германците уште од сега најавија, отворањето ќе биде на Меркур Шпил Арена во Дизелдорф, фудбалски стадион на кој ќе има 50.000 гледачи. 
Актуелниот рекорд од 44.189 гледачи е исто поставен во Германија, во 2014 година на натпревар меѓу РНЛ и Хамбург. 

Беше прашање на време кога некоја попозната екипа ќе го купи најдобриот фински ракометар Нико Ронберг. Овој 27 годишен лев бек неколку сезони е меѓу најдобрите стрелци во ЛШ, но досега беше врзан со договор со шампионот Кокс. 
Негова следна дестинација е предградието на Париз - потпиша двегодишен договор со екипата на Иври. 

„Довчерашниот“ селектор на Австрија, Исланѓанецот Патрекур Јоханесон, следната сезона ќе го води исландскиот клуб Стјарнан. Се зголемува ривалството на островот со оглед на тоа дека тренер на Хаукар од неодамна е екс селекторот Арон Кристијансон. 

Српскиот ракометар Бојан Бељански на крајот на сезоната си заминува од швајцарскиот клуб Кадетен Шафхаузен. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk