Генерацијата 2004 пристигна во Романија

Машката репрезентација на Македонија, „Генерација 2004“, предводена од тренерското дуо Раде Стојановиќ и Кирил Атанасовски денеска пристигна во Романскиот град Калараш каде што утре и во недела ќе одигра два контролни натпревари со врсниците од Романија. 

Ова се први натпревари на оваа репрезентација, прво гостување и иако резултатски не играат улога, се исклучително важни за овие ракометари кои во своите празни репрезентативни резимеа ќе ги впишат првите настапи и првите бројки зад свое име. 

Стојановиќ и Атанасовски поведоа 16 место планираните 17 ракометари. Тодор Узунчев од гевгелиски Партизан е единствениот кој не отпатува со репрезентацијата, но ќе има друга шанса за него со оглед на тоа дека се посветува должно внимание и на овие најмлади репрезентативни категории. 

Репрезентацијата вчера го имаше својот прв собир во Скопје, денеска, рековме се чекираше во романскиот град. 

„Имаме пред себе два натпревари на кои ги видиме на дело играчите од Генерацијата 2004. Со нас не е Узунчев, но така излезе, немаше време да бараме нов ракометар за замена и заминавме еден играч помалку. Ова се први настапи, важни се за овие играчи, утре и задутре на терен ќе покажеме што знаеме против Романија и потоа продолжуваме со работа“, кратко рапортираа селекторите од Романија. 

Првиот натпревар се игра утре од 16:00 часот. На списокот на репрезентативци се најдоа следниве ракометари:

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk