-
14.02.2020
-
Вести, Актуелно
Се ближи крајот на уште една сезона во СЕХА Гаспром лигата, натпреварување во кое вистинските битки и вистинската заинтересираност за шампионатот почнува во финалната фаза.
Годинава е изменет системот на натпреварување, па веќе во елиминациите почнаа да се полнат салите, како што на пример беше во Битола викендов.
Но, главното допрва доаѓа. По 1/8 финалните дуели на кои нема да недостасуваат возбудувања доаѓа врвот на сезоната или Фајнал Фор турнирот.
Минатата сезона Мешков Брест го наследи Скопје, а годинава караванот со четирите најдобри екипи и армијата новинари ќе се пресели во Хрватска.
Не е дефинитивно, ниту е официјално потврдено, но Хрватска е главниот фаворит за организација на Ф4 турнирот. Таму Вараждин веќе беше домаќин на еден турнир, а и годинава е еден од кандидатите.
Главниот фаворит, овој пат не е Вараждин, туку градот кој има многу повеќе да понуди, а тое е Задар. Со оглед на тоа дека се уште не се знае кои екипи ќе играат на Ф4, одлуката за домаќин ќе биде донесена откако ќе се расчистат и тие натпреварувачки дилеми, но за очекување е ППД Загреб да игра Фајнал Фор, со што би се исполниле условите за Хрватска да стане домаќин на следниот Ф4.
Поврзани вести