И Гедбан (ќе) си оди веднаш?

Павел Атман и Даинис Криштопанс можеби нема да се единствените ракометари на Вардар што не го чекаа крајот на сезоната за да стават крај на маките што ги тргаат во Скопје. 

Калифа Гедбан, голманот од Алжир што од јуни сигурно оди во Адемар, би можел да не го чека јуни. 

Ова не е шпекулација, но потврдата „јасно“ не доаѓа од Вардар, туку од Шпанија. Претседателот на Адемар, Гаетано Франко, за „Марка“ потврди дека работат на тоа Гедбан веднаш да се пресели во Шпанија. 

„Работиме на тоа трансферот да го склопиме веднаш. Но, иако играчите се слободни, тоа ни излегува од рамките на буџетот. Но, ако успееме да најдеме заеднички јазик и да се договориме, трансферот треба да биде реализиран месецов“, изјави Франко. 

Калифа Гедбан не успеа да се наметне, заедно со колегата Артурс Кугис на начин што му успеа на Милосављев на пример, а за Штербик да не зборуваме. Но, секое заминување во оваа ситуација, е нов удар врз стаклените нозе на кои стои Вардар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk