ЕХФ го суспендираше Вујо

Активирана е условната казна на Веселин Вујовиќ и тој нема да смее да го води ППД Загреб на гостувањето во Барселона. 
Покрај забраната од еден меч, Вујовиќ ќе треба да плати и казна од 2.000 евра, додека директорот на клубот Божидар Јовиќ ќе плати 1500 евра. 

Ова е епилогот на реакциите на клупата на ППД Загреб кон судиите по мечот со Флензбург, а подоцна и на прес конференцијата. ЕХФ оцени дека Вујовиќ го прекршил фер плеј кодот и излегол од рамките на спортското однесување. 

Да потсетиме, ППД Загеб имаше 14 секунди за последен напад за реми со Флензубург. Нивниот играч под фаул шутираше, не погоди, но потоа судиите не го стопираа времето, туку ја вратија назад акцијата на ППД Загреб и практично им ги земаа последните 7-8 секунди за напад. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk