Спартак го ослабе Мотор, уште двајца не доаѓаат во Скопје!

Офанзивата на Спартак Москва на трансфер пазарот го хендикепираше украинскиот клуб Мотор Запорожје, утрешниот противник на Вардар во Лигата на шампионите. 

Фокусирани на состојбата во Вардар и заминувањето на Павел Атман и Даинис Криштопанс, помалку заборавивме на проблемите со кои се соочуваат Украинците. 

Тие ги испратија во Москва своите стартери Данер Јанима и Станислав Жуков, а денеска Мотор Запорожје објави дека за Скопје не пошле ниту голманот Виктор Киреев и левото крило Игор Сорока. 

Тие двајца се селат во редовите на Спартак Москва, тим што на хартија стана прв фаворит за освојување на титулата во Русија, посебно откако вчера го совладаа Чеховски медведи во првенството со 30-25. 

Вардар, пак, против ваков Мотор, едноставно мора да дојде до бодови утре и да верификкува пласман во 1/8 финалето на ЛШ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk