Берлин има нов ѕид: Стигна Криштопанс

Даинис Криштопанс утрово на прес конференција беше претставен пред медиумите во Берлин. Неочекуваното засилување што го добија „лисиците“ ги става во многу порамноправна трка со Флензбург и Кил, двете места што следната сезона водат во Лигата на шампионите од Германија. Тоа е треттото засилување за Берлин од Вардар. претходно стигнаа Мијајло Марсениќ и Дејан Милосављев. 

Сега Берлин има нов дефанзивен ѕид. Импресивен, највисок во ркометниот свет. Покрај Даинис Криштопанс кој е висок 215 сантиметри, во Берлин се наоѓаат и Марко Копљар кој е висок 210 см, потоа Јаков Гојун кој е висок 204 см и Мијајло Марсениќ висок 203 сантиметри. Габаритниот Дејан Милосављев кој е висок „само“ 196 см, треба да го скрие сосема голот од противничките напаѓачи. 

Преку овој ѕид, како што вели ракометната изрека, може да се шутира само од хеликоптер. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk