15.000 евра казна за навреда на Дибиров

Европската ракометна федерација му изрече казна од 15,000 евра на полскиот клуб Келце, затоа што нивните навивачи имаа истакнато транспарент со навредлива содржина за Тимур Дибиров. 

Полските навивачи во ноември минатата година со транспарент на трибините со навредлива содржина наменет за Дибиров, ја продолжија омразената битка што имаше свои епизоди и во Скопје, а и на теренот во „Легионово“. За што казни плаќаа и едните и другите. 

Комисијата констатирала дека секој акт на одмазда или делење своја правда нема место во ракометот. 

Пола од оваа сума односно 7.000 евра е условна, во период од две години.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk