ЧСМ спрема нов тренерски хаос

Поминаа три месеци и време е ЧСМ Букурешт нешто да преземе околу тренерот. Оваа екипа е позната по тоа што на секои „три месеци“ менува тренер и тоа е пракса што трае подолго време. 

ЧСМ ги поправи своите шанси да се пласира на Ф4 и тоа му го продолжи работниот век на Адриан Василе од крајот на октомври е на чело на клубот. 

Но, ЧСМ не би бил ЧСМ ако не спреми нов тренерски „хаос“ за кој не може, а да не се напише некоја реченица. 

Со одобрение на бордот на директори на клубот, Адриан Василе останува прв тренер, а за негов асистент е назначен Пер Јохансон, Швеѓанецот кој е селектор на репрезентацијата на Црна Гора. 

Поентата е во тоа што во репрезентацијата на Црна Гора, селектор е Пер Јохансон, а асистент му е Адриан Василе. 

Во моментов се добри другари како што пишуваат Романците, па веројатно можат вака да функционираат... барем во наредните три месеци. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk