Криштопанс: Вардар, Ти Благодарам!

Голема, ненадополнива загуба за Вардар е заминувањето на играчот што на својот грб изнесе многу работи во минативе три сезони. 
Ситуацијата во Вардар е таква, што заминувањата стануваат секојдневие и прашање е до крајот на сезоната како ќе изгледа тимот и дали е доведена во прашање можеби и доминацијата во домашниот шампионат. Следејќи ги коментарите на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека никој веќе и не ги обинува играчите што заминуваат сред сезона. 
Минатата година останаа, донесоа шампионски пехар, двапати истата приказна...

Даинис Криштпшанс утре официјално ќе го облече дресот на Фуксе Берлин и ќе ги води во битката за место во ЛШ. 

„Пред се, Вардар Ти Благодарам за спекатаклуарното време минато таму и сите освоени трофеи. Посебно за освојувањето на Лигата на шампионите, тоа беше нешто единствено. 
Сега сум горд што ќе можам да го носам дресот на Фуксе Берлин. „Лисиците“ се еден од најдобрите тимови во Бундес лигата. Мислам дека овде ќе можам и да продолжам да се развивам како играч и ќе дадам најдоброто од себе за Берлин“, изјави Криштопанс во своето прво официјално обраќање за официјалната страна на Берлин, по комплетирањето на трансферот. 

Следниот меч на Берлин е на 16 февруари, а во нивната сала доаѓа ривал за висок пласман - Магдебург. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk